Спасовски до Ковачевски: Биди најмалку како што беше Заев за Куманово!

Спасовски вчера го поддржа Димитар Ковачевски во трката за претседател на СДСМ.

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера го поддржа Димитар Ковачевски во трката за претседател на СДСМ. Тој присуствуваше на претставувањето на програмата на Ковачевски во Куманово.

-Идниот претседател на СДСМ е мојот сограѓанин Димитар Ковачевски и оттука од мое Куманово упатувам силна порака – убеден сум дека одговорно и посветено ќе ја води партијата и со новото раководство ќе го осигура континуитетот на успешните политики и ќе продолжи да го гради општеството со социјалдемократски вредности, едно општество за сите наши граѓани, затоа што СДСМ постои за граѓаните и работи пред се’ за доброто на општеството.
Целта е јасна и единствена – партијата да ги реализира ветувањата, да работи и да го унапредува животот на граѓаните, а за тоа мора да сме обединети и многу да работиме.
Повикувам на 12 декември да го избереме Димитар Ковачевски за нов претседател на СДСМ, а на другарот Димитар му порачувам да биде најмалку како што беше Зоран Заев за Куманово!, рече Спасовски.

 

 

Поврзани новости