Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера го поддржа Димитар Ковачевски во трката за претседател на СДСМ. Тој присуствуваше на претставувањето на програмата на Ковачевски во Куманово.
-Идниот претседател на СДСМ е мојот сограѓанин Димитар Ковачевски и оттука од мое Куманово упатувам силна порака – убеден сум дека одговорно и посветено ќе ја води партијата и со новото раководство ќе го осигура континуитетот на успешните политики и ќе продолжи да го гради општеството со социјалдемократски вредности, едно општество за сите наши граѓани, затоа што СДСМ постои за граѓаните и работи пред се’ за доброто на општеството.
Целта е јасна и единствена – партијата да ги реализира ветувањата, да работи и да го унапредува животот на граѓаните, а за тоа мора да сме обединети и многу да работиме.
Повикувам на 12 декември да го избереме Димитар Ковачевски за нов претседател на СДСМ, а на другарот Димитар му порачувам да биде најмалку како што беше Зоран Заев за Куманово!, рече Спасовски.