Спасовски: Џафероски беше во Куманово, но неговиот тест е негативен

by Frosina Fakova

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски беше во Куманово на средбата со градоначалникот, Максим Димитриевски, но тој освен што одржуваше физичка дистанца и носеше заштитна опрема е тестиран и неговиот тест е негативен, рече техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Тој одговори на новинарско прашање, зошто Џафероски иако беше во Куманово на средба со Димитриевски кој потоа соопшти дека е позитивен на вирусот, сепак оди на работа.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека нема детали за него, но според неговите претпоставки смета дека нема добиено решение за изолација. Повеќе информации имаше техничкиот премиер кој кажа дека тој се тестирал и бил негативен на корона вирусот.

Поврзани новости