Во проектот „Безбедни семејни зони“ посебно е значајно што овој проект е насочен за заштита кон децата кои учествуваат во сообраќајот и бремените жени, кои исто така учествуваат во сообраќајот. Преку реализација на овој проект се праќа силна порака за заштита на бремените жени и децата до 3 годишна возраст, проект што овозможува дефинирање безбедни семејни паркинг зони, на кои ќе можат да паркираат бремени жени или родители на деца до 3 годишна возраст.
Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод обележувањето на паркинг местата за проектот „Безбедни семејни зони“ во реализација на АМСМ, во соработка со МВР, Градот Скопје и ЗЕЛС.
Овој проект, информира тој, е во фаза на имплементација целосно во Скопје, а ќе се продолжи со негова имплементација и во Велес, Куманово, Охрид и други, со цел на територијата на целата држава да го имплементираме проектот и на тој начин, потенцира Спасовски, да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот