Осуда од Европската комисија за полициската бруталност против Ромите

by Fokus 12:33
12:33

Европската Комисија е запознаена и ја осудува полициската бруталност против лицата од ромско потекло во Битола минатата недела, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Многу јасно осудуваме секаква неоправдана употреба на сила, нотираме дека властите го осудија инцидентот и дека преземаа чекори за отворање истрага за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави портпаролката за проширување на Европската Комисија, Ана Писонеро.

- Advertising -

Европската Комисија не ја коментира истрагата, ниту судските постапки, додека се во тек, но нагласува дека нејзината позиција во однос на полициската бруталност и прекумерната употреба на сила е „многу јасна осуда“.

Поврзани новости