Спасовски: Акцијата „Двојник“ требаше заеднички да се реализира и со другите земји

by fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека истрагата за случајот „Двојник“ најверојатно ќе се прошири, а по вчерашното приведување полициски службеници вклучени во фалсификување патни исправи за да се видат, како што вели, сите други аспекти поврзани со овој случај.

Внатре во институцијата, дополни, кругот е затворен.

-Идејата беше заедно со обвинителот да се реализира акцијата заеднички во другите земји, меѓутоа заради овој обид би рекол на саботажа ние го пресековме тој канал и за среќа е завршена успешно акцијата, додаде министерот за внатрешни работи, во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица вработени во МВР кои ја злоупотребувале својата службена положба и овластувања, со тоа што издавале македонски патни исправи за лица странски државјани, употребувајќи туѓ идентитет на државјани на Република Северна Македонија, кои до моментот на издавањето не поседувале биометрски лични документи. Од овие лица девет се приведени и во текот на денов ќе бидат предадени на надлежното обвинителство и надлежниот суд, а по лицето кое вчера не беше пронајдено во својот дом ќе се трага.

Поврзани новости