Заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, поднесе 15 тужби против министерка за труд и социјална политика, Фросира Ременски, поради разрешувањето на директори на Центрите за социјални работи.
-Ја информираме јавноста дека врз основа на Закон се покренати петнаесет тужби против техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски, поради незаконско работење, односно незаконско разрешување на директори на Центри за социјални работи и јавни установи кои се форма на партиски реваншизам и смислено сценарио за блокада на проектите кои се реализираа од страна на министерството, се вели во соопштението на заменик-министерот Спасов.
Спасов вели дека јавноста знаела дека Фросина Ременски била посветена на партиската агенда, а не на проектите кои и се обврска и нејзината агенда била јасна, да ги блокира проектите и да измислува и да фабрикува лажни афери.