Одложено рочиштето за случајот „Поткуп“ поради службени обврски на Заев

by Фокус

Денеска во Основниот суд Скопје 1 требаше да започне судењето против лидерот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Поткуп“, но рочиштето беше одложено поради службени обврски на лидерот на СДСМ.

Обвинителството смета дека Заев во својство на градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

Обвинението дека една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица, одбраната го оцени како контрадикторно, правно неиздржано, тенденциозно, непрецизно.

Поврзани новости