389
Ѓорѓи Спасов во вечерашното гостување на Топ тема рече дека локалните избори ќе бидат еден вид на референдум за тоа по кој пат сакаме да се движи Македонија.
-Од денот кога е формирана новата Владата, расте оптимизмот дека Македонија се движи по вистинската патека. Сите анкети покажуваат дека СДСМ има одредена предност, а за првпат Заев како лидер има значително поголема доверба од граѓаните отколку Груевски. Овие избори ќе бидат еден вид на референдум: дали сакаме да продолжат промените кои се случија на 11 декември или сакаме да се вратиме пред 11 декември, изјави Спасов.