509
Министерот за труд и социјала Диме Спасов два дена по враќањето на функцијата ги укинал сите решенија, овластувања, наредби и известувања кои пред него ги донела министерката Фросина Ременски, која со институцијата раководеше околу шест месеци како дел од преодната влада, објави 24 Вести.
Спасов всушност ги укинува донесените овластувања и наредби кои Ременски им ги дала на поединечни лица вработени во министерството, донесените промени во неколку сектори како и наредбите до државните службеници за добиени овластувања за потпишување на акти.
Министерот тоа го сторил повикувајќи се на член 49 став 1 и член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.