Универзитетскиот професор по уставно право, Александар Спасеновски вечерва на тв Телма рече дека „дел од пакетот кој што вчера се најде на маса во разговорите помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на владата, можеме да го анализираме и сметам дека тука има некои изненадувања неочекувани барања и понуди кои што не беа дел од досегашната реторика“.
Спасеновски смета дека Мицкоски и Ковачевски покажале одговорност за евроинтегративниот процес.
„Но сметам дека она кое што е важно да го споменеме е демонстрацијата на одговорност и на лидерот на опозицијата и на владата во ситуација кога имаме вакво тешко прашање како што е продолжување на интеграцијата во ЕУ и обидот да се заштитат во тој процес македонските национални интереси е нешто кое што треба да се апострофира, демострирањето на одговорност“ посочи тој.
Според него, од 2016 година до денес на македонската политичка сцена недостасува дијалог.
„Она кое што долго време недостасува на македонската политичка сцена од 2016та година наваму е зборот дијалог и тоа беше рефлексија на една голема поларизираност која што доби на интензитет со доаѓањето на СДСМ на власт во оваа држава и падот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Спасеновски.
Професорот посочи дека предлозите дадени од Мицкоски се реални и разумни.
„Она кое што исто треба да се истакне е дека ВМРО-ДПМНЕ со учеството во овој дијалог и со давањето на некои реални и разумни предлози се легитимираше себеси како една проевропска партија или во една смисла се обиде да ги демострира спротивност во однесувањето од она што како напад го добиваше во континуитет од страна на СДСМ, а тоа дека е приврзок на една помала политичка партија која е претставена во собранието“ рече тој.