Спасени се две лица кои со „квадрицикл“ излетале во бездна на Шар Планина

by Fokus

Две лица со „квадрицикл“ попладнево излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“ во бездна, при што се здобиле со повреди.

По интервенција на надлежните институции веќе се преземени од тим на Итна медицинска помош, информираа од Центарот за управување со кризи.

Несреќата била пријавена попладнето во 16.06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК.

Преку конференциска врска со Полициска станица – Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „квадрицикл“ излетале од патот во провалија. Со нив имало уште едно лице со „квадрицикл“, но не можело да ги види, ниту да ги слушне откако излетале.

Од ЦУК истакнуваат дека веднаш беа извршени повеќе комуникациски координативни дејства, согласно барањата од терен и можностите.

– Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи, но имале повреди и оти се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Според последните известувања до ЦУК, лицата се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се во болница – се наведува во информацијата.

Поврзани новости