162
Полициски службеници од СВР Штип – ОВР Берово и Регионалниот центар за гранични работи Исток во изминатите денови активно учествуваа во гаснењето на големиот шумски пожар што го зафати подрачјето на планината Готен и делови од Малешевските планини.
Благодарение на нивната навремена и пожртвувана интервенција, беа спасени две лица чии животи биле сериозно загрозени од огнената стихија. Двете лица биле пронајдени во бесознание, по што веднаш им била укажана прва помош на самото место, а потоа пренесени во здравствена установа на понатамошно лекување.
Интервенцијата доаѓа во време кога регионот се соочува со зголемен број пожари поради екстремно високите температури и сушниот период.