Спасени 36 мигранти во близина на грчкиот остров Сапијенца

by fokus

Грчката крајбрежна стража спаси 36 бегалци и мигранти во близина на островот Сапијенца, крај Пелопонез.

Тие се пронајдени во чамец во морето јужно од Сапијенца.

Мигрантите побарале помош на единствениот европски број за вонреднии ситуации 112.

Спасените мигранти пренесени се во пристаништето Метони, јужен Пелопонез.

Поврзани новости