Биле барани од Интерпол, а приведени на ГП Богородица

by fokus

Двајца турски државјани У.А. (28) и Г.Р. (25) биле лишени од слобода и предадени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка откако половина час по полноќ на Граничниот премин „Богородица“ при пасошка контрола било констатирано дека поседуваат пасоши кои биле предмет на потрага на Интерпол-Турција, односно биле пријавени за изгубени/украдени од имателот.

МВР информира дека тие патувале со патничко возило „Фолксваген Шаран“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од Република Македонија. При претрес на нивниот багаж биле пронајдени уште две оригинални турски патни исправи.

Поврзани новости