438
Пожарникарите од противпожарната единица на Штип и полициски хеликоптер го гасат шумскиот пожар во близина на селото Пиперево, аспасена е свињарска фарма, до која се приблиќувал огнот, изјави командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев, за МИА
Во гаснењето на пожарот ангажирани се 15 пожарникари и четири возила, а од воздух дејствува и полицискиот хеликоптер.
Коцев рече дека сега се гаси пожарот во шумата. Според негова проценка зафатени се околу 150 хектари. На терен остануваат до локализирање на пожарот.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека бидејки пожарот е во близина на браната Мантово, хеликоптерот на МВР направи повеќе успешни и прецизни налети.