Спасен тинејџер од под урнатините: Си ја пиев урината за да преживеам

by fokus

Тинејџер рано изутринава неповреден бил извлечен од урнатините на една зграда во турскиот град Газиантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес.

Спасувачите го извлекле Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што бил заробен од понеделникот. Седумнаесетгодишникот се насмевнал на толпата пријатели и роднини кои го скандирале неговото име, ракоплескале и плачеле додека спасувачите го носеле и го ставале на носилки.

Тинејџерот рекол дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да ја задоволи жедта.

„Така успеав да преживеам“, рекол тој.

Поврзани новости