Спано: Во Судот во Стразбур има околу 300 предмети од Северна Македонија

by Fokus

Има реформи во Врховниот суд и во Апелационите судови, така што сметам дека ова е процес кој ќе продолжи во правец на подобрување , изјави претседателот на Европскиот Суд за човекови права во Стразбур Роберт Спано на заедничката прес конференција со министерот за правда Бојан Маричиќ, прашан дали македонските судови се подобруваат во однос на времетраењето на судските случаи.

За претставката за должината на притворот на Орце Камчев , Спано не сакаше да коментира бидејќи рече е во процес на разгледување, и не е информација за која може да зборува на прес конференција. Новинарите кои се интересираа за тоа ги упати да достават писмено барање до судот во Стразбур.

Спано истакна дека во моментов во Судот во Стразбур има околу 300 предмети но не направи дистинкција на што се однесуваат и дали меѓу нив има предмети врз расна основа или некаков друг вид дискриминација.

Тој додаде дека Судот во Стразбур и натаму нема алатка како да ги направи извршни своите пресуди или да го следи нивното извршување. Односно како пресудите донесени од негова страна да направи тие и да се почитуваат од земјите на кои се однесуваат.

Најексплицитен пример секако е со 14-те пресуди за Бугарија, поради тоа што не дозволува да се регистрира партијата на Македонците, Омо Илинден. Но, Бугарија досега ја нема спроведено оваа пресуда.

 

Поврзани новости