Советот за безбедност утре ќе заседава за актуелната ситуација со Ковид-19

by Fokus

Советот за безбедност на Македонија утре ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата, како и за мерките и активностите на надлежните институции.

На десеттата седницата, што ќе се одржи напладне во „Вила Водно“, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Последната седница на Советот за безбедност беше на 29 октомври. Тема и тогаш беше состојбата со Ковид-19.

Поврзани новости