Советот за безбедност денеска на седница кај Пендаровски за ситуација со ковид-19

by Fokus

Советот за безбедност денеска ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 на територијата на државата, како и за мерките и активностите на надлежните институции.

На десеттата седницата што ќе се одржи напладне во Вила Водно, како што е најавено, покрај редовните членови, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Редовни членови на овој Совет се: претседателот на Собранието Талат Џафери; премиерот Зоран Заев; министрите за внатрешни и надворешни работи Оливер Спасовски и Бујар Османи; министерката за одбрана Радмила Шекеринска; поранешниот министер за одбрана и универзитетски професор Трајан Гоцевски; професорот на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ , Ненад Марковиќ и професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Ветон Љатифи.

Последната седница на Советот за безбедност беше на 29 октомври. Тема и тогаш беше состојбата со ковид-19.

Како што објавивме вчера, една од опциите, според извори од владејачкиот табор, Владата да предложи прогласување кризна состојба, поверојатно на целата територија на државата, па тоа денеска да се разгледува на седницата.

Другата опција е воведување нов полициски час, што премиерот Зоран Заев го спомна како опција во интервју на ТВ 21.

 

Поврзани новости