Советот на обвинители одлучи веќе да не и дава предмети на Јанева

by Фокус

Советот на јавни обвинители денеска одлучи дека ниту еден предмет кој е побаран веќе нема да даде на Специјалното јавно обвинителство, а дека за сите предмети ќе бидат надлежни само Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и Основното јавно обвинителство Скопје.

-Многу непријатно бевме изненадени кога дојде и кажа дека нема да одговори на ниту едно наше прашање. Откако таа си замина одлучивме со 7 гласа за, одлучено е дека за постапување и во иднина ќе бидат надлежни Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Скопје. Значи, сите предмети кои што се кај нас, ќе бидат вратени во овие обвинителства, рече Аневски.

Според претседателот на Советот, Петар Аневски, Катица Јанева требало да дојде и да им образложи како предметите кои ги бара се поврзани со и произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, а откако таа не дошла, тие изгласале дека не е надлежна. Аневски смета дека Јанева треба да гони само случаи од 2008 до 2015 година.

 

Поврзани новости