339
Советот за надворешни работи на Европската унија утре ќе расправа за ситуацијата во Македонија и ќе излезе со заедничка позиција во врска со случувањата во земјата, најави шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов.
– Ќе дискутираме за Република Македонија и тамошните случувања, што треба да доведе до заедничка и единствена позиција на сите министри за надворешни работи на земјите од ЕУ и за мерките што треба да ги преземеме – изјави Митов за Бугарската национална телевизија.