Русија: Западот има план за дестабилизација на Македонија

by Фокус

Русија го обвинува Западот дека има план за дестаблизација на Македонија и да ја втурне земјава во таканаречената „обоена револуција“, каква што се случи во Украина.

„Информацијата објавена во српските медиуми за апсење на Црногорец кој им пружал поддршка на косовско-албанските ектремисти во Македонија е убедлив доказ за плановите  за дестабилизација на внатрешнополитичката ситуација во таа земја, планови кои се покренати однадвор. Тоа е истовремено и доказ дека западните организатори на ваквите сценарија – катастрофи преферираат да го остваруваат тоа со туѓи раце, користејќи во Украина, а сега и во Македонија, државјани на токму оние земји кои, како што тоа го направи Црна Гора, ја прифатија мамката на НАТО. И повеќе од очигледна е опасноста од провоцирање хаос и разгорување на жариште на спротивставување, сега и на Балканот, регион кој сe уште се нема опоравено од крвопролевањето во 1990-те години“, стои во соопштението нa руското Министерство за надворешни работи.

Поврзани новости