Советот на јавни обвинители ќе расправа за оставката на Аневски

by Fokus

Советот на јавни обвинители на Република Македонија на денешната седница треба да расправа за оставката на досегашниот претседател, Петар Аневски, кој во вторникот ја поднесе поради лични и семејни причини.

– Членовите на Советот ќе одлучуваат по мојата оставка в четврток. Дали ќе ја прифатат или не, тоа е нивна одлука. Без разлика на оставката, и понатаму останувам на функцијата член на Советот на јавни обвинители бидејќи сум избран од ОЈО Битола и ќе продолжам со таа функција од 1 септември ако биде прифатена мојата оставка. Мојата функција изминува во 2020 година и имам уште три години да ја вршам функцијата член на Советот на јавни обвинители – изјави Аневски пред два дена.

Поврзани новости