Коѕијас денеска во официјална посета на Скопје, ќе се сретне со Заев, Иванов и Димитров

by Fokus

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас денеска пристигнува во еднодневна официјална посета на Македонија.

Тој во Скопје ќе има средби со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и со претставници на парламентарните партии.

Во фокусот на разговорите, според најавите, ќе биде имплементацијата и проширувањето на мерките за градење доверба и најновите случувања во регионот. По средбата во МНР Димитров и Коѕијас ќе одржат заедничка прес-конференција.

Поврзани новости