Советот на јавни обвинители ќе распише оглас за наследник на Гешковска

by fokus

Се очекува денеска Советот на јавни обвинители  да избере повеќе јавни обвинители и да биде распишан оглас за наследник на Гордана Гешковска, раководителка на скопското јавно обвинителство.

Гешкоска  беше избрана на 15 мај 2013 година. Според неофицијални информации, Гешкоска нема да конкурира за повторен мандат, туку ќе се врати на старата позиција, заменик на актуелниот републички јавен обвинител, Марко Зврлевски. Пред да ја добие оваа позиција, Гешкоска работеше во Одделот за организиран криминал.

Гешковска ги води случаите со насилствата од крвавиот четврток, а го водеше и случајот Монструм и Пајажина и други судски случаи.

Освен оглас за нов претседател на Скопското јавно обвинителство, денеска повторно треба да се расправа и за изборот на двајца обвинители од Вишото јавно обвинителство на Скопје, и за обвинител во Републичкото јавно обвинителство.

 

Поврзани новости