Советот на јавни обвинители ќе ѝ ги одземе случаите Маѓар Телеком, Шпион, нелегалниот пиштол на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и обвинението за порнографија против неговиот син на Специјалната обвинителка Катица Јанева, ако таа в среда не се појави во Советот на јавни обвинители. Ова денеска го најави претседателот на Советот на јавни обвинители, Бранко Аневски.
-Мора да дојде, а доколку не дојде ќе ни ја олесни работата и ние најверојатно, доколку не дојде, ние немаме податоци од каде ја црпи надлежноста, веројатноста за нејзината надлежност, ќе ни ја олесни работата и ќе донесеме негативна одлука, изјави Аневски.
Советот на јавни обвинители денеска донесе негативна оценка за Извештајот за шестмесечната работа на Специјалното обвинителство.