Советот на јавни обвинители ја одложи седницата за Јанева

by Фокус 10:12
10:12

Одложена е седницата на Советот за јавни обвинители на која зад затворени врати требаше да се расправа за работењето на специјалната обвинителка Катица Јанева. Седницата е презакажана за 27 јануари.

На оваа седница требаше да се дискутира за предавањето на материјалите од лидерот на СДСМ Зоран Заев на Јанева и зошто не е направен записник. Се очекуваше обвинителите да и испратат допис за таа да се изјасни дали и како го спровдува законот. Присуство на Јанева на седницата на Советот не беше предвидено.
Обидот на Советот на јавни обвинители да расправа за работата на Јанева се коментира како уште еден обид за опструкција на нејзината работа. Претходно власта искористи многу механизми да и се спротивстави- неколку пати го одложуваше изборот на нејзиниот тим, потоа го развлече донесувањето на Законот за јавнообвинителска служба, а сега парламентот не сака да го изгласа финансискиот план на Специјалното обвинителство за 2016-та година со што обвинителите не можат да земат плата за декември.

- Advertising -

Дополнително, на Јанева тешко и се дозволува пристап до судски предмети во кои се кријат докази за некои од случаите за кои се зборува во прислушуваните материјали.

 

Поврзани новости