339
Советот на јавни обвинители денеска ќе го разгледува шестмесечниот извештај за досега сработеното од страна на Специјалното јавно обвинителство.
На седницата е поканета и обвинителката Катица Јанева, но од СЈO велат дека таа нема да присуствува, бидејќи, ниту има законска обврска за такво нешто, ниту пак, било кој шеф на обвинителството на Репбулика Македонија досега бил повикуван да реферира при поднесување вакви извештаи.
Седницата на Советот на јавни обвинители беше најавена завчера и на неа ќе се разгледува и спорот меѓу Зврлевски и Јанева за неколку предмети кои Јавното обвинителство на РМ одбива да ги даде на Специјалното обвинителство.