401
Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница едногласно ја изгласа одлуката за давање субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје со којашто практично се овозможува исплаќање на платите на вработените во претпријатието .
Градоначалничката Данела Арсовска побара да се подмират долговите на сите институции што должат на претпријатието.
– Советниците ја изгласаа одлуката со полно мнозинство. Она кое што ме радува е дека конечно гледаме консензус по едно прашање. Тоа е дека она што во изминатите 30 години се случувало во едно од јавните претпријатија и кое се руинирало, практично сега имаме консензус дека треба конечно да се помогне, рече во изјава за медиумите градоначалничката на Град Скопје.