386
Европските политичари продолжуваат со укажувањата дека и нашиот сосед Србија треба да воведе санкции за Русијa.
Ова го истакна еврокомесарот Оливер Вархеји, кој како што додаде, Србија треба да ги засили напорите за усогласување со позициите на ЕУ во надворешната политика, вклучително и декларации и санкции.
Тој потенцираше дека е многу важно нормализирање на односите на релација Белград-Приштина преку дијалог со посредство на ЕУ.