Со 26 гласа „за“ Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата за времено предавање на ингеренциите за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура.
Универзална е симбол на Скопје, симбол на солидарноста и по реконструкцијата таа треба да им се врати на граѓаните како важен репрезентативен објект во главниот град, наведуваат од советничката група на СДСМ.
„Се надевам ќе има слух кај градоначалничката и службите да се пристапи кон конечна реконструкција на Универзална како симбол на солидарноста на постземјотресно Скопје. Да не заборавиме овој проект ни е клучен за апликацијата Скопје – европска престолнина на кулутрата 2028“, рече Љубица Јанчева, советничка во Град Скопје од СДСМ.
Страшо Ангеловски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека иницијативата не е на СДСМ, туку е поднесена од група советници.