Советникот на Иванов негира дека му одобрил на Живаљевиќ да влезе во Собранието

by fokus

Советникот за национална безбедност на претседателот на Македонија, Синиша Алексоски во изјави за МИА истакна дека не е овластено лице кое дава одобрение за престој во Собранието ниту во друг орган на државната управа. Неговата изјава е по тврдењето на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ кој го посочи Алексоски како лице кое му дало одбрение да биде во македонскиот Парламент за време на насилствата на 27 април годинава.

-Сметам дека тоа го направил за преку мене да обезбеди алиби и да го оправда неговото неовластеното и непрофесионално однесување, спротивно на законите во Република Македонија – тврди Алексоски.

Тој посочува и дека не ја знае причината за неговиот престој во Собранието.

-Не разговаравме со Живаљевиќ таа вечер. Како што претходно посочив, тој ми упати текстуална порака, пропратена со фотографија, дека бил во собраниската сала, на што му возвратив: „што правиш таму?“. За пораките, се разбира, веднаш известив и поднесов извештаи согласно безбедносните протокли – вели Алексовски.

Поврзани новости