657
Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович оцени дека војната со Русија би можела да трае до крајот на оваа година.
Оружјето што неодамна го набавија украинските сили може, сепак, „сериозно да влијае“ на борбите кон крајот на мај или почетокот на јуни, рече Арестович во интервјуто објавено на Јутјуб.
Војната најверојатно ќе продолжи уште многу месеци, „мора да бидеме подготвени за долга приказна“, додаде тој.
Дури и да се прекинат сегашните борби во регионот на Донбас, тоа не би значело крај на војната со Русија, изјави советникот Володимир Зеленски.