Професорот на Правниот факултет, Гоце Наумовски, кој беше дел од списокот на советници на премиерот Христијан Мицкоски, е предложен за нов уставен судија на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска.
Претседателот на Комисијата за избори за избори и именувања, Ѓорѓија Сајкоски, кој е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница го предложи Наумовски за нов судија и без дискусија и забелешки од ниту една од партиите, беше изгласан со мнозинство гласови.
Професорот Наумовски се најде на списокот на советници на Владата кој беше објавен во јануари минатата година како советник за прашања од областа на правото.
Инаку, Дабовиќ-Анастасовска во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд. Оставката, како што информираат од Уставниот суд, е поднесена поради здравствени и лични причини.