Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска го повикаа Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага по допрен глас на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, по објавените фотографии на кои се гледа дека тој за приватни цели го користи службеното возило.
– Трендафилов е тој што ги злоупотребил своите деца како жив штит за да ги одбрани своите привилегии и комфорот ставајќи ги во возило што му припаѓа на македонскиот работник. Со вокабуларот на опозицијата, да, монструозно е да земаш плата од работниците за кои наводно се бориш додека ти уживаш во луксузот на сметка на ССМ и македонските работници – рече пратеничката Лидија Петкоска, додавајќи дека Трендафилов е целосно нелегитимен претседател и оти тој е таму само за да си ја зачува фотелјата.