Сите Срби кои со автомобили тргнуваат кон грчките летувалишта се интересираат за цените на горивото што го купуваат на бензински пумпи во Србија, а прават споредба со оние во Македонија и Грција. Пресметките покажуваат дека во земјава се точи најевтин бензин и дизел гориво.
Српски „Курир“ направи споредба на цените на бензинот БМ 95 и на дизелот во земјите од регионот, според податоците на GlobalPetrolPrices.com ажурирани во последните денови од минатиот месец.
Во земјава бензинот е најевтин, во Србија цената е некаде на средина, а најскап е во јужниот сосед Грција.
Цени на бензинот евро премиум БМБ 95 за литар:
Македонија 1, 308 евра
Бугарија 1.288 евра
Босна и Херцеговина 1.322 евра
Хрватска со 1.450 евра
Словенија со 1.380 евра
Србија 1.518 евра
Црна Гора 1.490 евра
Албанија 1.571
Грција 1.865 евра.
Слична е состојбата и со дизелот, најмалку чини во Македонија, а најскап во Грција и во Албанија.
Цени на дизел гориво за литар:
Македонија 1.121 евро
Бугарија со 1.236 евра,
Хрватска 1.440 евра
Босна и Херцеговина 1.245 евра
Црна Гора 1.340 евра
Словенија 1.424 евра
Србија 1.578 евра
Грција 1.556 евра
Албанија 1.571 евра