Надал се огласи по операцијата: Денес ми е роденден, се помина добро!

by Fokus

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја објави првата информација по операцијата на псоас мускулот, на колкот, поради која повреда е надвор од терените уште од Австралија Опен.

Шпанецот се надеваше дека операцијата нема да биде потребна, но никогаш не успеа целосно да се опорави, па ја прескокна целата сезона на земјена подлога, вклучувајќи го и актуелниот Ролан Гарос, турнир на кој секогаш е фаворит кога е фит, откако го освои 14 пати.

Рафа и се обрати на јавноста и фановите ден по операцијата, на неговиот 37 роденден.

– Поздрав до сите. Како што знаете, имав операција синоќа. Сè помина добро и артроскопијата беше на левата тетива на псоас што ме оддалечи од конкуренција од јануари. Регулирана е и старата повреда на лабрумот на левиот колк, што сигурно ќе помогне подобро да закрепне тетивата. Сакам да им се заблагодарам на лекарите за нивната работа – напиша Надал во првичната порака.

Потоа откри кога се надева дека ќе може да се врати на теренот:

– Веднаш ќе започнам со прогресивна функционална рехабилитација и нормален процес на опоравување, кој ми велат дека е 5 месеци, доколку се биде добро. Ви благодарам повторно за сета поддршка што ми ја покажувавте и ми ја покажувате секој ден. Денеска ми е и роденден. Не на посакуваното или сонуваното место, но во секој случај, ВИ БЛАГОДАРАМ – најави Надал.

Поврзани новости