Советот за етика во медиумите на Македонија во изминатава година и половина добил над 120 жалби за известувањето во медиумите различни основи, соопштија денеска од СЕММ.
Основите за поднесување жалби се различни, а најчесто неточно и нефер известување, говор на омраза, дискриминација, незастапена втора страна, нарушување на приватноста, како и мешање факти и мислења. Страни кои најчесто се жалат се граѓаните, граѓанските организации, новинарите и политичарите.
„Бројката на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрувањето на медиумскиот систем во земјата, кој што во моментот е во криза од аспект на професионализмот и етиката“, информира Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби при СЕММ.
Сепак, само мал дел од жалбите се решени преку медијација, што потврдува дека медиумите се’ уште пружаат отпор да ги признаат грешките во известувањето, потенцира Марина Тунева, извршен директор на СЕММ. Во исто време, тука е и проблемот со необјавување на одлуките кој и понатаму постои.