Уставните судии гласаа изедначено за крстот во Бутел

by fokus

Со четири гласа „за” и четири „против”, Уставниот суд и денеска ја врати на разгледување иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување 55-метарски крст во општина Бутел.

 Ова е третпат, судот да не се донесе одлука за оваа иницијатива, која ја поднесе  струшкиот градоначалник Зијадин Села, според кого, одлуката за поставување крст во општина Бутел не била во согласност со Бадинтеровиот принцип.

Иницијативата ќе биде повторно разгледувана на некоја од наредните седници на уставниот суд, најверојано на следната.

Инаку, поставувањето на крстот во Бутел предизвика тензии, откако членови на ДУИ и нивни поддржувачи поставија камп и протестираа против изградба на местото каде беа осветени темелите. Крстот го донираше Светскиот македонски конгрес чиј претседател Тодор Петров беше и физички нападнат по свеченоста за осветување на камен-темелникот.

Поврзани новости