Оглас за распределба на седумдесетина социјални станови во Гостивар треба да се објави кон крајот на годината, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Тој одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета на Гостивар појасни дека наскоро треба да се утврдат критериумите, кои треба да се во склад со новата методологија.
– Зградата веќе го помина техничкиот прием и таа е вселива. Треба да се распише оглас согласно новата методологија за рангирање која е предвидена со новиот закон за социјална заштита. Во него се утврдени нови критериуми, односно нови категории граѓани ќе можат да аплицираат за социјален стан. Очекувам во најкус рок да биде и формирана комисијата која ќе работи на оценување на апликациите, рече министерот Сугарески.
Зградата во која има седумдесет станови наменети за домување на социјално најранливи категории граѓани започна пред три години. Инвестицијата е од над 80 милиони денари е на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката-Скопје.