Социјалната помош се зголемува за 10 отсто

by Фокус

Социјалната помош ќе се зголеми за 10 отсто, наместо за предвидените 5. Ова пратениците го изгласаа на денешната собраниска комисија за труд и социјална полититка. Повисоката социјална помош граѓаните ќе ја добијат во јули.

-Имаме простор и можности за покачување на социјалната помош од 10 насто и со овие измени на Законот за социјална заштита во предвиден износ од 112 милиони и четиристотини илјади денари кои се обезбедени од буџетот на министерството за потребите за реализација на оваа мерка, рече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

 

 

Поврзани новости