Грција бара 278 милијарди евра отштета од Германија

by Фокус

Грција бара Германија да и плати 278,7 милијарди за уништувањето предизвикано врз нацијата за време на нацистичката окупација. Оваа сума го надминува целосниот грчки долг од 240 милијарди евра кон Европската унија.

-Според нашите пресметки, долгот поврзан со германската отштета е 278,7 милијарди евра, вклучувајќи ги и 10,3-те милијарди евра за таканаречениот присилен заем. Остатокот е сумата е поврзан со отштети за индивидуалци или инфраструктурата, изјавил грчкиот заменик министер за финансии, Димитрис Мардас.

Оваа изјава доаѓа пред утрешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Москва и средбата со Владимир Путин, на која ќе се разговара и за финансирање и заеми.

Поврзани новости