Германската социјалдемократска партија (СДП) победи на изборите во Бундестагот, пред конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел, јави ДПА, повикувајќи се на податоци објавени на веб страницата на федералната изборна комисија по пребројувањето на гласовите.
СДП добива 25,7 проценти од гласовите, што е нивни најдобар резултат во последните неколку години.
Блокот на Меркел, составен од Христијанско -демократската унија (ЦДУ) и Христијанско -социјалната унија (ЦСУ), собра 24,1 отсто, што е најлош резултат.
Зелените се на трето место со 14,8 проценти – нивниот најдобар изборен учинок.
Слободната демократска партија доби 11,5 проценти, што претставува зголемување на поддршката во споредба со претходните избори.
Партијата Алтернатива за Германија падна на петтото место со 10,3 проценти.