Од денеска почнува вакцинацијата со трета доза против ковид-19

by Fokus 08:56
08:56

Од денеска во земјава достапна е и трета доза вакцина против ковид-19, која според Комитетот за имунизација е препорачана за сите граѓани над 60 години, како и за здравствените работници и лицата со имунокомпромитирачка состојба без разлика на возраста.

Вакцинацијата со третата доза ќе се врши со вакцината од производителот „Фајзер“ без разлика од кои производител се примени првите две дози.

- Advertisements -

Трета доза, како што објасни министерот за здравство Венко Филипче, ќе се прима најмалку шест месеци од примената втора доза. Кога ќе истечат тие шест месеци, граѓаните ќе добиваат СМС-порака дека може да се јават и да примаат трета доза.

За трета доза граѓаните ќе може да одат на кој било вакцинален пункт без закажување. Во Скопје, покрај поликлиниките и понатаму ќе функционираат пунктовите во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Поврзани новости