Состојбите во судството се поместуваат, смета Тупанчевски

by Фокус

Состојбите во судството, можеби бавно, но се поместуваат во позитивна смисла, сведоци сме дека постои одговорност кај судиите и кај јавните обвинители, а Судскиот совет и Советот на јавни обвинители покажуваат реактивирање или реализација на нивната надлежност, смета министерот за правда Никола Тупанчевски.

-Кога станува збор за Советот на јавни обвинители, можам да кажам дека веќе се пополнети две места. Беше избран виш јавен обвинител во Битола и виш јавен обвинител во Штип. Зборуваме за две сериозни функции и овој процес по некоја стагнација, значи поместување на позитивна смисла на зборот – рече Тупанчевски на Сител.

Тој додаде дека јавните обвинители се и на потег при избирање на нов јавен обвинител за организиран криминал. Како што рече, над 160 обвинители самите треба да одлучат кој ќе биде новиот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Поврзани новости