Најголемо заземање на територии по Втората светска војна

by Фокус

Најголемо принудно преземање територии во Европа од Втората светска војна – вака Гардијан ја опишува руската нелегална анексија на четири окупирани региони во Украина.

Церемонијата на потпишување се одржа во палатата во Кремљ, а на неа присуствуваше политичката елита во земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи анексија на четири региони во Украина – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

Путин рече дека Западот ги крши човековите права, дека уништувањето на западната хегемонија е неповратен процес и дека светот никогаш повеќе нема да биде ист.

Поврзани новости