Состојбата во Малешевијата е опасна, Ангелов се координира со Австријците

by Fokus

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва објави извештај за состојбите со пожарите во 19 часот. Извештајот вели дека состојбите над Будинарци се аларманти и е потребно засилување на противпожарните екипи. Пожарот во делчевско е активен и се појавиле и нови жаришта. Првата локација е кај селото Разловци, кај местото викано Чокалица. Пожарот е локализиран, но екипите остануваат на лице место.

Попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со раководниот тим на пожарникарите од Австрија извршил хеликоптерско извидување на беровско – пехчевскиот крај заради увид на потребите за дејствување.

ЦУК наведува дека пожарот во атарот на на село Разловци потполно е ставен под контрола, останати се дел од припадниците на Шумско стопанство и војници. Останатите екипи се упатени на потег Будинарци -Митрашинци.

Другата локација е во атарот на селата Тработивиште и Нов Истевник над месноста Света Вода. Пожарот е ставен под контрола, каде остануваат четворица вработени од Шумското стопанство да се контролира и понатаму, а останатите лица се повлечени и упатени на другата локација кај селото Разловци.

Во овие места интервенираат делчевски пожарникари и вработени во институциите, како и припадници на војската и полицијата и две екипи од Бугарија.

Поврзани новости