Состојбата со мигрантите кај Гевлегија се смирува

by Фокус

Откако ноќеска македонската полиција, кај дивиот премин на македонско-грчката граница, пропуштила дел од мигрантите од поранливите категории, за денеска се најавени вонредни возови за превоз на мигранти.

Од Железничката станица во Гевгелија информираат дека воз со околу 300 мигранти утривава заминал кон Табановце, кај северната граница на Македонија со Србија, а и вчера неколку возови со мигранти се обраќале на истиот правец.

Македонија досега добила над 40.000 барања за азил на мигранти кои доаѓаат од Блискиот Исток и од африканските земји и со закон ги регулираше условите за нивно транзитирање низ земјава, но вчера реши да ја затвори границата, поради што дојде до тензии меѓу двете страни.

Поврзани новости