Составот на бугарската влада е нивно внатрешно прашање, вели Ковачевски

by fokus

Tоа каков е составот на бугарската влада е нивно внатрешно прашање. Што се однесува до спорот што го имаме со Софија и бугарското вето, нашата страна е спремна за разговори, изјави премиерот Димитар Ковачевски по одлуката на партијата Има таков народ да излезе од владината коалиција во Бугарија, а како една од причините за тоа да биде и Македонија.

-И после пет месеци, сè уште ние како држава сме отворени да разговараме со посредство на претседателството на ЕУ, на ЕК, затоа што ние сме доверлив партнер како за соседите така и за ЕУ. Затоа прашањето треба да биде поставено на претставници на бугарската влада за композицијата на нивната влада бидејќи тоа е внатрешно политичко прашање во Бугарија, а јас како што кажав ние сме држава која и своите меѓународни односи и своите внатрешни односи ги има изградено на највисоко врвно европско ниво, рече премиерот.

Поврзани новости